![зебра Пет години затвор за возачот што уби новинарка кај „Зебра“](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/zebra.jpg?resize=670%2C400&ssl=1)
Бојан Блажевски, кој во јули годинава ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, е осуден на пет години затвор.
Блажевски на првото рочиште се извини за несреќата и изрази жалање.
Во крвта на Бојан Блажевски (37) по несреќата беа пронајдени 1,52 промили алкохол, а во урината 2,41. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива.
На претходното судско рочиште, Блажевски ја призна вината.