Овие пет града синоќа ги потврдија кандитатурите, бидејќи истекуваше крајниот рок за пријавување.
Добивме апликации од пет прекрасни градови. Се надеваме на кооперација во следниот период и воодушевени сме што Олимписките игри во 2024 година ќе се одржи во еден од нив, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах.
Од своја страна, Интернационалниот олимписки комитет објави дека ќе го помогне домаќинот на Игрите со 1,7 милијарди долари. Името на организаторот на ЛОИ 2024 ќе биде објавено на сесијата на ИОК во Лима во септември 2017 година.