Пет грешки кои можат да го забават вашиот метаболизам

За овие ситници можеби и не размислувате, а тие и тоа како може да им наштетат на процесите во вашиот организам.

Пиете кафе без кофеин

Зошто е тоа проблем? Пропуштате едноставен и вкусен начин повремено да го забрзате метаболичкото согорување. Кофеинот го стимулира центрлниот нервен систем, а се проценува дека со пиењето кафе богато со кофеин можете да го забрзате метаболизмот за 15 отсто за само три часа. Додадете на списокот позитивни здравствени ефекти на кафето: намален ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес.

Јадете само овесна каша или пециво за појадок

Добро е што јадете наутро, бидејќи редовните оброци го чинат вашиот метаболизам посилен. Но, и протеините не би биле на одмет, со оглед на тоа дека е потребна повеќе енергија за нивното варење за разлика од јагленохидратите, а исто така и влијаат на зголемувањето на мускулната маса.

Не јадете после тренинг

Тренинзите ги исцрпуваат мускулите, а со внес на вистинската количина на хранливи состојки само еден час по тренингот тие може да заздрават.

Секој ден станувате во исто време, а за викендите сакате да излегувате до доцна

Говориме за хигиена на сонот и можеби досега тоа сте го чуле милион пати, но постои важна причина зошто некој Ви досадува со ова. Само една бесна ноќ може да го помести вашиот ритамот на генот кој го одржува вашиот метаболизам брз.

Веќе е попладне, а Вие не сте се напиле вода

Вашиот метаболизам ги сумира сите процеси кои во вашето тело произведуваат енергија – варењето, мускулните контракции, елиминирањето на штетните материи…Во сето тоа хидратацијата игра важна улога, ако не и клучна. Ако сте дехидрирале, тој систем може да биде забавен или да работи на оптимално ниво, што повторно може да го забави вашиот метаболизам.