Идеален подарок за вашата прјателка, мајка, ќерка може да биде и рачно напишан стар рецепт за колачи што ви го открила вашата баба и е стара „семејна тајна“. Тоа може да биде колачот што сите го фалат а вие не сакате да ја откриете тајната состојка поради кој колачот на баба е секогаш толку посебен. Време е со него да развеселите некоја личност што ви е драга.
-
Писмено ветување за преземање на некои обврски
Партнерите, наместо со скапи парфеми, облека, шминка би можеле да ја израдуваат нивната поубава половина со пишана порака со која еден месец ќе се обврзат да преземат одредени обврски, како на пример готвење за викенд.
Не се сомневаме дека има мажи што тоа често го прават, но растеретувањето што ќе и го подарите на вашата партнерка гарантира непроценлива насмевка. Жените на своите партнери би можеле да им подарат викенд масажа, омилен колач или нешто друго по сопствен избор.
-
Компилација со омилените песни
И за крај, иако можеби звучи како клише, но компилацијата со најдрагите песни е подарок што секогаш ќе ја испрати пораката дека сте се потрудиле, дека сте блиски и дека не ви е тешко да издвоите време за вашата најдрага личност и да вложите малку труд. Сепак, откако ќе го отвори подарокот можете веднаш да го преслушате заедно и да уживате во заедничките мигови.