Пет илјади полицајци ќе го обезбедуваат самиот на ЕУ во Рим

По крвавиот напад во Лондон се засилуваат мерките за безбедност за самитот на ЕУ кој треба да се одржи на 25 март во Рим. Околу 5.000 претставници на органите на редот ќе ја гарантираат безбедноста во италијанската престолнина.

Во саботата европските лидери ќе ја одбележат 60-годишнината од Римскиот договор, кога се поставени темелите на обединета Европа.

Засилените мерки за безбедност се предвидени поради тоа што во саботата во Рим ќе има демонстрации, како на поддржувачите на европската интеграција, така и на нејзините противници.

Италија ги заостри мерките за безбедност и во врска со она што се случи во Лондон. Специјалниот план за безбедност во Рим влегува во сила уште утре, кога лидерите на земјите-членки и раководството на ЕУ ќе бидат на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан.