![5 inovativnih kućnih uređaja Lifting_Sink l](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/5-inovativnih-ku-nih-ure-aja-Lifting_Sink-l.jpg?resize=696%2C461&ssl=1)
Во последните неколку години домовите станаа претесни за одредени предмети кои се важни за секојдневното функционирање. Секако големо влијание имаше и модерниот стил на живеење според кој луѓето најчесто одбираат станови или пак помали домови со цел заштеда на електична енергија и полесно одржување. Затоа пак компаниите се фокусираа кон нови иновативни решенија наменети токму за ова модерно време на живеење.
Интелегентна машина за сушење
Во 21 век, дури и обичните домашни апарати, како што се сушилниците за облека стануваат паметни! Експертите на Xiaomi создадоа уред наречен „г-дин Бонд”, кој, на прв поглед, личи на таванска светилка. Со притискање на копче на контролниот панел кој доаѓа со уредот, или со внесување на команда преку апликациите на мобилниот телефон, единицата се претвора во функционална сушилница кој може да издржи тежина од 30 килограми испрани алишта. Алатката со моќност од 20 вати со алуминиумски рамки овозможува дополнително осветлување во просторијата или терасата и го забрзува испарувањето на влагата од влажните алишта.
Чешма на која и вашата кожа ќе биде благодарна
Овој хибриден уред комбинира две функции на брилијантен начин – миење и нега на лицето и рацете. Дизајнерите Seungho Choi и Yoona Lee создадоа „Beautiful Jet”, уред кој работи како традиционалната чешма, со исклучок на горниот дел каде има иновативен механизам за хидратација на лицето. Перфорираната површина на чешмата доаѓа со поставки за прилагодување на температура, погодна е за утринско освежување на кожата или пак по потреба испушта пареа што на кожата и ги отвора порите. Уредот доаѓа во три модерни варијанти, сива, сина и розова, во зависност од потребите на клиентите.
Лифтинг мијалник-садопер
Овој иновативен мијалник-садопер содржи повеќе множества наредени еден во друг и е составен од три различни димензии, идентификувани како S, M и L. Како и кај многу модерни мијалници, овој т.н. „Лифтинг садопер” е направен од јаглероден челик, но, за разлика од стандардните, има дополнителна функција, ви овозможува да ја прилагодите големината на мијалникот на вашите тековни потреби со едноставно притискање на копче. Како резултат на тоа, овој изум помага во значителни заштеди на драгоцени природни извори – вода, но, исто така, го подобрува квалитетот и конфорот на корисникот за време на миењето садови или пак други намирници.
Иновативен систем за готвење
Дизајниран за мали кујни, “Ordine” е модерен апарат за готвење што штеди простор. Системот се состои од две големи индукциски плочи и единица за напојување монтирани на ѕидот. Кога не се користат, плочите се прикачуваат на централната единица, ослободувајќи драгоцен простор во кујната. Елегантен и практичен, овој уред е направен од природно дрво и бакар. Дизајнот е потпишан од студиото “Адриано Дизајн”.
Уникатно радио
На прв поглед ќе бидете збунети од овој необичен уред што изгледа како сакасија од која излегуваат жици, но ако посветите малку внимание, суптилните детали почнуваат да го откриваат иновативното радио. “Ла Модерна” беше уникатен дизајн дизајниран од Фабио Вердели, Алис Дал Верме и Мануел Фресон. Достапно е во два модели и комбинации на бел и бакар.