Пет ипол километри гледал како возот се движи во погрешна насока, втора грешка на шефот на станицата во Лариса

Шефот на станицата направил повеќе од една грешка поради кои дојде до судир на возови во вторникот вечерта, што резултира со 46 смртни случаи и десетици повредени.

Според информациите од грчката полиција, шефот на станицата во Лариса цели 5,5 километри го гледал патничкиот воз како се движи во погрешен правец и не ги користел технолошките можности што ги имал за да го запре возот.

„Станицата во Лариса има локална контролна табла за сигнализација, пред и по станицата на одредено растојание има светлосни сигнали и промени што покажуваат присуство на возот. Зошто тој не можеше да го сопре возот е прашање на истрага на комитетот“, пишуваат грчките медиуми.