Пет кандидатури за градоначалник на Гевгелија

Во законскиот рок за пријавување кандидатури за претстојните локални избори доставени се пет пријави за градоначалници и шест за советнички листи, потврдија денеска од Општинакста изборна комисија Гевгелија.

Свои кандидати за градоначалници доставиле политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Интегра, коалицијата на ЛДП и ДОМ, како и еден независен кандидат.

Листи со кандидати за членови на Советот, пак, доставиле партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Интегра, коалицијата ЛДП и ДОМ, Левица и независна листа на Томе Ќичуков.

Сите поднесени кандидатури општинските извршни комисии официјално ќе ги потврди на 18-ти септември, при што кандидатите за градоначалници и советничките листи од една партија при жребувањето ќе добијат исти редни броеви во сите општини.