Американската Федерална комисија за комуникации (FCC) во петокот прогласи пет кинески компании за закана по националната безбедност на САД според законот од 2019 година кој има цела да ги заштити американските комуникациски мрежи.
Федерална комисија за комуникации (FCC) објави дека во споменатиот список се вметнати компаниите „Huawei Technologies“, „ZTE Corp“, „Hytera Communications Corp“, „Hangzhou Hikvision Digital Technology“ и „Dahua Technology“.
Споменатиот закон од 2019 година пропишива дека FCC ги идентификува компаниите кои произведуваат елекомуникациска опрема и нуда услуги „за коишто е утврдено дека претставуваа неприфатлив ризик за американската национална безбедност“.
„Овој список дава значителни насоки коишто ќе осигураат, имајќи предвид дека мрежите од следната генерација се градат во целата земја, да не се повторуваат грешките од минатото или да се користат опремите и услугите кои ќе претставуваат закана за американската национална безбедност и ли за безбедноста на Американците“, соопошти вршителката на должноста претседателка на FCC, Џесика Розенворсел.
Уште во авгист 2020 година американската аминистрација донесе прописи со коишто им се забранува на сојузните афенции да купуваат стоки или услуги од овие пет компании, а од 2019 година „Huawei“, „Hikvision“ и другите компании беа ставен на економската „црна листа“ на САД.
Минатата година FCC ги прогласи „Huawei“ и ZTE за закана по националната безбедност на американските комуникациски мрежи, и со тоа им забрани на американските компании користење на државниот фонд од 8,3 милијарди долари за купување опрема од овие компании.
Во февруари годинава „Huawei“ ја оспори оваа одлука пред Петтиот американски окружен апелационен суд. Од кинескиот комуникациски гигант во петокот одбиле да ја коментираат новата одлука на FCC. Другите четири компании не коментирале или не биле достапни за контакт.
FCC минатата година донесе прописи со кои бара од телеком операторите кои имаат опреа од „Huawei“ или од ZTE да ја заменат, а за таа цела американските законодавци одобрија 1,9 милијарди долари за финансирање на оваа програма на замена на опремата.