Пет лица се обвинети во Аргентина за нивната евентуална одговорност за смртта на 31-годишниот Лијам Пејн, поранешен член на групата за момчиња One Direction, кој падна од хотелскиот балкон во октомври, објави во понеделникот аргентинското правосудство.
„Тројца обвинети добија кривична пријава за убиство од небрежност без превентивен притвор, а уште двајца за кривично дело набавка на дрога со притвор“, соопштија од обвинителството, идентификувајќи ги обвинетите само по нивните иницијали.
Лиам Пејн беше пронајден мртов на 16-ти октомври откако паднал од балконот на неговата хотелска соба во Буенос Аирес каде што престојувал неколку дена. Починал од „повеќекратни повреди“ и „внатрешно и надворешно крварење“.
Истрагата покажала дека тој пред смртта конзумирал алкохол, кокаин и антидепресиви.
„(Лицето идентификувано со иницијалите) ЛНР, претставник на жртвата кој го следел за време на ова патување во Буенос Аирес за да ја обнови неговата американска виза; директорката на хотелот (со иницијали) ГАМ, како и шефот на реепцијата на хотелот ЕРГ, тројцата се обвинети за убиство од небрежнсот… за што можат да добијат од една до пет години затвор“, според обвинителството.
Вработен во хотелот идентификуван со иницијалите ЕДП и барменот којшто Пејн го заппознал во Буеност Аирескои се сретнале во Буенос Аирес, чии иницијали се БНП, се под истрага за „набавка на дрога“ за која би можеле да се соочат со затвор од четири до 15 години. Тие се наоѓаат во притвор.