Пет лица погинаа во авионска несреќа во Аљаска

Пет лица погинаа кога мал патнички авион се урнал во руралниот дел на Аљаска. Сите лица кои биле во авионот погинале, јавија британските медиуми.

-Авионот се урнал под засега непознати околности, изјави портпаролот на американската Федерална авијација.

Несреќата се случила на 430 милји од Енкориџ, а авионот летал од Бетел до Кипник, на брегот на Берингово море.