Сообраќајна несреќа помеѓу автобус „лаз“, управуван од В.П.(50) од Скопје и „фолксваген голф“, управувано од Х.Х.(26) од Скопје, се случила вчера попладне на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје.
-Во незгодата сопатниците од возилото Ш.Х.(54) и С.Х.(19) се здобиле со тешки телесни повреди повреди, а возачот и сопатничка од возилото С.Х.(43), како и 16-годишен патник од автобусот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.