![pukanje malme](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/pukanje-malme.jpg?resize=640%2C384&ssl=1)
Шведската полиција соопшти дека нема причини за паника и дека инцидентот не е поврзан со тероризам, откако неколку лица во понеделникот во Малме беа рането од огнено оружје, пренесува новинската агенција ТТ.
Сите петмина повредени се пренесени во болниците, а полицијата ги испитува сведоци откако полициските службеници го блокираа подрачјето во коешто се случило пукањето. Засега нема уапсени. Нема информации ниту колку се тешки повредите кај настраданите.
„Нема знаци дека ова пукање било поврзано со тероризмот. Станува најверојатно за пресметка меѓу криминалци“, изјавил за медиумите полицискиот портпарол Фредрик Брат. И минатите години во Малме се случуваа пресметки меѓу криминални банди во кои имаше и смртно настрадани, потсетуваат медиумите.
„Ја блокиравме областа и водиме разговори и ќе ги испитуваме оние кои се рането, ако можат и сакаат да зборуваат“, го цитира ТТ Стефан Содерхолм, портпаролот на полицијата.