Пет лица загинаа при пад на мал авион

Пет лица го загубија животот при пад на мал авион, кој се урна северно од Денвер.

Портпаролот на Службата изјави дека сите патници во авионот Piper PA-46, загинале.

На лице место животот го загубиле тројца од нив, а двајца биле одведени во болница, каде им подлегнале на повредите.

Причините за трагедијата не се познати.