Грчкото Министерство за економија и развој обезбеди пет милиони евра за настраданите во поплавите во државата, соопшти весникот „Та неа“.
Средствата се обезбедени од програмата за јавни инвестиции и ќе се наменат за засегнатите од невремето што ја зафати земјата.
Министерството за економија е во постојан контакт со надлежните европски комесари и служби за обезбедување дополнителни извори за финансирање, посочува весникот.