Пет милиони луѓе заразени од Ковид-19 во целиот свет, но бројките најверојатно се многу поголеми, соопштија од Светската здравстевната организација. Ситуацијата се уште е најтешка во САД, каде се заразени околу 1,7 милиони луге, во Азија и во делови на Европа вирусот полека ја губи силата. Во меѓувреме Швајцарија, Австрија и Германија ги отворија меѓусебните граници, Франција го најавува истото, но Шпанија и покрај протестите во јавноста го продолжи карантинот до 6 јуни. Во Италија, Португалија и Полска се отворија рестораните. Поранешниот шеф на Европската комсија за Дојче Веле изјави дека затворените граници во ЕУ се најголема глупост.
Во само 4 дена во САД се урнати два воени авиона. Пилотите навреме се катапултирале, а несреќите се случиле за време на тренинг. Пентагон покрена истрага. Се работи за борбени авиони од типот ф 22 и ф 35 а, кои се урнале за време на прелети над Флорида.
Францускиот претседател Макрон го загуби мнозинството во Парламентот, откако неколку парламентарци од неговата партија се префрлија во нова парламентарна група. Се работи за седум пратеници кои се приклучија на партијата Екологија, демократија, солидарност. Политчките експерти ова го оценија како удар врз Макрон, кој новата апараламентарна група ја нарече фарса, чија заднина допрва ќе се види.