Доколку перењето алишта не е ваш приоритет, програмите со пареа во машините за перење од Gorenje можат да ви бидат од голема помош и да ви заштедат време, пари и труд!
SteamTech програмите на пареа во машините за перење од Gorenje, односно дополнителниот третман со пареа на крајот од избраната програма, значително ги намалува наборите, мирисите и бактериите. Но најважно е дека алиштата ќе бидат темелно испрани, помалку истуткани и помеки без употреба на омекнувач.
Еве како перењето со пареа го олеснува процесот на перење алишта:
- Помалку пеглање.
Ако пеглањето не ви е омилена домашна активност, тогаш ќе ги обожавате програмите со пареа, бидејќи алиштата ќе бидат помалку изгужвани и без набори. Секако, не заборавајте дека по завршување на програмата за перење со пареа, треба за брзо време да ги извадите алиштата од машината.
- Отстранува непријатни мириси.
Со помош на пареата, може многу поефикасно да се отстранат непријатните мириси од алиштата без притоа да се оштетат ткаенините.
- Заштедува на омекнувач.
Кој не би сакал да заштеди? Со програмата на пареа, не ви е потребен омекнувач, бидејќи алиштата и онака ќе бидат меки и со пријатен мирис.
- Помалку бактерии и алергии.
Високата температура на пареата овозможува нечистотиите да се отстранат поефикасно, без алиштата да се оштетуваат со потопување во многу жешка вода.
- Ги освежува алишта.
Кога сакате некое парче гардероба повторно да мириса убаво, а не е валкано, одлична опција е освежување со програмата на пареа. Ова ќе ви заштеди и дополнително време за перење или одење до салон за хемиско чистење.
За повеќе информации во врска со машините за перење со програми на пареа посетете ги продажните салони на Горење или разгледајте го целиот асортиман на gorenje.com.mk!