Можеби мислевте дека сексот како и се во животот си има свои граници, но одредени луѓе сепак се уверија во спротивното. Тие доживеаја сексуални приказни кои се толку неверојатни што е тешко да се поверува во нив. Но несомнено се работи за вистинити случаеви на одредени луѓе кои на необичен начин доживеале оргазам.
Оргазам со помош на стимулација на палец
Со стимулација на палецот може да се доживее оргазам, феноменот во овој случај се нарекува преносен оргазам кој резултира со обид мозокот да се репрограмира, за да се прилагоди на промените на телото, како што е на пример парализата.
Оргазам од мозокот
За некои луѓе, мозокот е навистина најголем сексуален орган, почеток и крај на сексуалното искуство, а телесните надразби, голото тело и останатите физички работи се потполно непотребни. Како што покажуваат некои истражувања некои жени и мажи можат да доживеат оргазам при самата помисла на секс, без некоја надворешна надразба.
Оргазам од стапала
Ако оргазмот со стимулација на палецот не ве изненади доволно, што велите за стапалото? За време на едно медицинско истражување, непозната жена која учествувала во експериментот откри дека може да доживее оргазам преку стапала.Имено, таа имала болест која влијае на стапалата. Иако се излечила, нервите останале оштетени, поради што мозокот, сигналот од нервите на стапалата погрешно ги сфатил како сексуална стимулација.
Оргазам во текот на вежбањето
Вежбањето го подобрува сексуалниот живот, но не постојат луѓе на кои вежбањето им е секс. Жените можат да доживеат оргазам во текот на вежбањето, а специфичните вежби како кревање тегови, пливање, качување по јаже можат да предизвикаат оргазам.Жените кои го доживеале тој оргазам велат дека чувството е потполно идентично како и при секс.
Оргазам во тек на породување
Иако самата помисла предизвикува негодување, се работи за едноставна надразба и се случува кај 0,3 отсто од родилките, што покажала студијата која истражувала на таа тема.Кога жената се пораѓа по природен пат при опуштањето доаѓа до силна стимулација на вагината, на грлото на матката и клиторисот, што води до оргазам.