За оргазмот тешко може да се каже дека може да биде лош, но постојат и такви случаи. Луѓето што ги искусиле овие пет ситуации знаат за што станува збор!
-
Оргазмична главоболка
Позната е и како главоболка за време на сексуална активност и се појавува непосредно пред или за време на оргазмот а се чувствувате како наеднаш да ви се случила експлозија од болка. Ако ви се случи ова посетете лекар.
-
Невагинални оргазми
Постои барем еден познат случај на „синдром на оргазмот на стопалата“, а експертите бараат повеќе вакви случаи. Една жена пријавила дека почувствувала спонтан оргазам во левото стопало. НЕјзините лекари веруваат дека одредени нерви во нејзиниот нервен систем се вкрстиле, а ја излекувале така што и вбризгале анестезија.
-
Болни оргазми
Ова најчесто оди заедно со болниот сексуален однос и дефинитивно е нешто поради што треба да се оди кај лекар. Болните оргазми може да бидат предизвикани од инфекции или повреди. Уште една можност е некои жени по еден оргазам, другите да го доживеат со голема болка. Во тој случај, треба малку да се смерите и да се воздржите од секс, затоа што нештата би требало да се вратат во нормала по неколку дена.
-
Оргазми без престан
Константните оргазми можеби делуваат прекрасно, но жените што имаат постојани оргазми велат дека чувството е вистински пекол. Најмалиот притисок врз клиторисот од тесни фармерки или седење може да придвижат оргазми што траат со часови, па дури и денови, што станува болно. Лекарите не се сигурни што се причините, но постои можност за лекување.
-
Оргазми и кивање
Кивањето што настанува за време на оргазмот всушност може да се случи. Научниците мислат дека станува збор за вкрстени нерви во автономниот нервен систем. Исто така, можно е луѓето со овој проблем да имаат еректилно ткиво во нострилките. Краткотрајно решение е да се користат капки за нос пред секс.