
Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус беа тестирани десет пациенти, од кои пет се позитивни на вирусот.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четворица здравствени работници, двајца доктори и две медицински сестри од Дебар.
Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.
За вечерва, Министерството за здравство најавува прес конференција во Владата.
Во Дебар станува збор за единствената приватна педијатриска амбуланта, чиј персонал здравствена услуга пружа на деца од општините Дебар и Центар Жупа, во следните 14 дена ќе биде затворена.
Станува збор за медицнските лица кои постираа фотографија на фејсбук и порачаа „Ние сме на работа, вие седете дома“, што доби позитивни реакции.
Во општините Дебар и Центар Жупа има вкупно 20 заразени од коронаврус, двајца од Центар Жупа, кои и го донесоа со нивното пристигнување од Италија.