Пет од 15-те најзагадени населби во Европа се во Белград

Загадениот воздух во Белград граѓаните можат да го почувствуваат и вкусат, пишува британскиот весник The Guardian посочувајќи дека главниот град на Србија има пет од 15-те најзагадени населби на европскиот континент.

Во написот со наслов: „Белград град во кој валканиот воздух се смета за резултат на економскиот раст“, авторот пишува дека уште во 1974 година тогашниот југословенски премиер Џемал Биједиќ ветил дека ќе го исчисти воздухот во земјата, а дека половина век подоцна белграѓани сѐ уште го чекаат тоа.

Воздухот во главниот град на Србија, земја со седум милиони жители на ред за влез во Европската унија, е полош од речиси во кој и да е друг град во Европа, пишува авторот. Пирит, амонијак, воз, вагон, истекување на амонијак, истекување амонијак, несреќа, магла, чад, несреќа, воз излета од шините, железница, пруга, загадување…

Пет од петнаесетте најзагадени населби на континентот се наоѓаат во Белград, според моделската анализа на The Guardian врз основа на податоците за квалитетот на воздухот во Европа.

Валкани електрани на јаглен, депонии, стари возила и лоши греалки испуштаат коктел од токсични честички кои завршуваат во белите дробови и вените на жителите на градот, пишува уште The Guardian.