Пет пациенти починале а 14 се примени на лекување во ковид-центарот во Тетово

Петмина хоспитализирани починале како последици на Covid-19 а 14 нови пациенти се примени на болничко лекување во Тетово во последните 24 часа, информираше во неделата д-р Гзим Нуредини од ковид-центарот во тетовската болница/.

„Најмадиот е роден 1972 година, на околу 49 години. Немаме точна анамнеза, но немаме информација дека имал хронична болест. Исто така, имаме и примено на болничко лекување млади лица од 35 до 45 години. Се уште алармот е на црвено и болеста ги фаќа и младите. Бројот на амбулантски прегледи е се уште висок, што значи ќе има уште многу приеми“, изјави д-р Нуредини.

На болничко лекување во ковид-центарот во тетовската болница има 123 лица. Од нив само тројца биле вакцинирани со две дози.