Најмалку пет Палестинци се убиени а уште 290 се повредени во судирите со изралските војници на границата од појасот Газа, изјави во петокот портпаролот на министерството за здравство во споменатата палестинска енклава, Ашраф ал-Кидра.
Судирите на границата од Појасот Газа и Израел продолжуваат веќе половина година во рамките на протестните акции „Големиот марш на враќање“, во кој учствуваат илјадници жители на палестинската енклава кои своевремено биле протерани од териториите коишто ги заземала израелската држава во ткн Шестдневна војна од 1967 година. Според агенциските извештаи, протестот во петокот бил еден од најмасовните во изминатите шест месеци.
„На Маршот на враќањето во петокот петмина Палестинци беа убиени, а 290 се ранети, од кои 83 со боева муниција во судирите со израелската армија на источните граници од појасот Газа“, изјавил ал-Кидра.
Додал дека 135 демонстрани се примени во болниците од вкупно 290 кои се повредени. Прецизирал дека меѓу повредените се 22 деца, тројца новинари и три медицински лица, како и дека вечерта уште две лица со огнострелни рани во градите во критична состојби биле донесени во болница.
Според соопштението на министерството за здравство во Газа, во петокот вечерта по локално време се убиени 14-годишно дете, источно од бегалскиот камп Буреј, а уште еден 18-годишник и 24-годишен маж се застрелани источно од градот Газа. Идентитетите на другите две жртви не се утврдени засега, се додава.
Според процените на израелската војска, на денешниот протест се собрале над десет илјади лица, коишто фрлале камења и пиротехнички средства врз војниците, обидувајќи се да се пробијат низ заштитната ограда на границата. Армијата одоворила со употреба на „специјални средства“ и извршила воздушен напад врз северниот дел од појасот Газа, се наведува во извештајот.
Повеќе од 190 Палестинци се убиени во судирите со израелските бебедносни сили од почетокот на протестните собири во појасот Газа на 30-ти март. Околу 20.000 Палестинци во истиот период биле ранети, според палестински медицински извори.
Судирите на границата од Газа кулминираа на 14-ти мај годинава во песрет на одбележувањето на 70-годишнината од Накба (Денот на националната катастрофа – з,р.), кое се совпадна со одбчежувањето на седумте децении од создавњето на Државата Израел и церемонијата на почетокот од преселувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.