Пет починати и 127 новозаразени со коронавирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.

Починати се 5 лица, пациентка од Куманово (61г), пациент од Штип (81г) и двајца пациенти од Гостивар (76г и 81г) и еден пациент од Прилеп (53г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14998, бројката на оздравени пациенти е 12149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2235. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6097, активни 761
• Куманово 1533, активни 287
• Дебар 260, активни 29
• Штип 1176, активни 108
• Прилеп 518, активни 150
• Тетово 1244, активни 120
• Струга 592, активни 62
• Велес 276, активни 24
• Битола 222, активни 39
• Охрид 358, активни 43
• Кавадарци 189, активни 50
• Гостивар 817, активни 140
• Гевгелија 58, активни 33 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 80, активни 28
• Крива Паланка 59, активни 19
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 157, активни 30
• Пробиштип 89, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 75, активни 8
• Пехчево 35, активни 28
• Берово 67, активни 51
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 30
• Делчево 89, активни 67 (24 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 22, активни 6
• Свети Николе 298, активни 42
• Кичево 281, активни 42
• Ресен 147, активни 1
• Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1574 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-184, Биотек-271, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори)-172, Систина со PCR метода -288, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-14, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 47, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 88
• Гази Баба – 82
• Аеродром – 109
• Карпош – 81
• Центар – 77
• Кисела Вода – 83
• Ѓорче Петров – 44
• Бутел – 50
• Шуто Оризари – 31
• Студеничани – 26
• Сарај – 22
• Арачиново – 15
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-13