Пет пратеници од власта, Села и Гаши не гласаа за Законот за јазици

Пратениците од мнозинството: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегџиќ и Тања Ковачев не гласаа за Законот за употреба на јазиците.

Според листингот, не гласале ни Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците, ни Африм Гаши, лидер на Движењето Беса.

Собранието денеска го изгласа Законот за употреба на јазиците со 64 гласа „за“ без да ги разгледа илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.