Филмот „Валкан танц“ премиерно е прикажан пред точно 27 години. Никој не очекуваше дека филмот ќе биде успешен. Патрик Свејзи и Џенифер Греј не се поднесувале уште од претходниот филм „Red Dawn“, а тест прикажувањата биле катастрофлани.
Покрај овие, имал и други проблеми: главниот спонзор на филмот „Clerasil“ се повлече, продуцентот Еленор Бергстајн одби од филмот да ја исфрли приказната за абортусот, а сепак „Валкан танц“ заработи 214 милиони долари на светските каси, освои Оскар и повеќе Греми за музика.
Музиката од овој филм на топ листите минуваше подобро од Мајкл Џексон и Брус Спрингстин, а филмот е често на списокот на најомилените на сите времиња.
„Хафингтон пост“ објави сега список на пет работи кои не сме ги знаеле за филмот.
Публиката, пушува сајтот, во почетокот толку многу го мрзела „Валкан танц“ што филмот за малку ќе одел директно на видео лента, наместо во кино салите.
– Кога го снимавме беше толку под радарот, што мислевме дека никој нема да го види и сме се труделе бескорисно, се потсети Џенифер Греј.
Насловот на филмот е смислен пред приказната. Линда Готлиб продуцент во студиото МГМ ја повика Еленор Бергстајн на ручек за да разгледаат некои идеи за филмот. Кога чула дека Бергстајн има проблем со една приказна, Готлиб ја прашала за што се работи, а Бергстајн одговорила:- Немам вистинска приказна, но би требало во филмот да има многу латино танц.
Потоа, двете жени ја промениле темата и разговарале за нивните животи, и во еден момент Бергстајн рекла:
– Пораснав во Бруклин, татко ми беше лекар, и бил едно од оние деца кои ги поминуваале шините за да одат на валкан танц.
На тоа Голиб извикала:
– Тоа е наслов од милион долари.
Сега раскажи ја приказната и Џони Касл е измислен во тектот на ручекот.
Продукцијата на филмот е работена на есен, поради што кога се снимало надвор, лисјата на дрвјата биле бојадисувани во зелено.
Дејствието на филмот се одвива во текот на летото, но самиот филм е снимен во средината на октомври, па декораторите морале да ги бојадисуваат лисјата во зелено. Готвачот Мајк Потерфилд, кој ја подготвувал храната за екипата, се потсети дека Патрик Свејзи предизвикал многу интересирање во Маунт Лејк Рисорт кога снимале, но ни половина одколку што предизвикал интересирање Метју Бродерик, кој дошол да ја посети тогашната девојка, Џенифер Греј.
Езерото каде што Бејби и Џони вежбаа подигнување било толку многу ладно што актерите биле модри поради што не постои ниеден кадар од блиску на глумците.
– Тоа езеро беше страшно, хипотермички ладно, а таа сцена ја снимивме одново и одново. И ако Џенифер беше многу лесна, кога подигнувате некого од вода, кадар по кадар, дури и најслабата девојка се чини како да е тешка 500 килограми. Кога го завршивме снимањето, рацете ми беа како од гума, а температурата ми опадна, се потсети Свезји за текот на снимањето.
Патрик Свејзи инаку се обидел да го искористи целото негово влијание за од филмот да ја исфрли сега познатата реченица „Никој не ја става Бејби во аголот“.
– Ја мразев таа реченица, рече тој, но и призна дека кога филмот бил завршен и кога го гледал, таа имала смисла. Неговите пријатели велат дека пред крајот на животот, кога се бореше против ракот на панкреасот, имал обичај да каже: Никој не го става панкреасот на Патрик во аголот“.
Како бонус на овој список на занимливости, „Хафингтон пост“ пишува и дека Џенифер Греј била толку многу уплашена да вежба, што првиот нејзин обид од познатото подигнување било пред камерите.
Иако Свејзи и Грејс успеале да го изведат подигањето на аудицијата, Греј одбила да ја вежба сцената додека снимале, затоа што била уплашена и чекала до самиот крај.
– Кога го направив тоа на филмот, тоа беше и првиот пат да го изведам подигањето, рече таа.