Пет ракети истрелани од Ирак кон американска воена база во Сирија

Пет ракети беа истрелани во неделата од ирачкиот град Зумар кон американската воена база во североисточна Сирија, соопштија два ирачки безбедносни извора.

Ракетниот фрлач бил прицврстен на задниот дел на мал камион паркиран во пограничниот град Зуммар, велат изворите на Reuters. Камионетот се запалил кога на небото се појавиле воени авиони.

„Засега не можеме да потврдиме дека камионот бил бомбардиран од американски воени авиони“, изјави неименуван воен претставник додавајќи дека ирачките безбедносни сили распоредени во областа започнале потрага по сторителите.

Американска воена база во близина на градот Хасака, на крајниот североисток на Сирија, е погодена со беспилотни летала и проектили, изјавил информиран извор за агенцијата РИА Новости.

„Дрон и четири проектили погодија американска база на аеродромот Караб ал-Џир во близина на Хасака“, рекол изворот на агенцијата од руските воени сили кои се стационирани во Сирија.

Нападот се случи еден ден откако ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани се врати од посетата на Соединетите држави каде што се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

Нападот од Ирак врз американските сили е прв од почетокот на февруари, кога милициите на мнозинските ирачки шиити поддржани од Иран ги прекинаа нападите врз американските сили.

Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.