Во продолжение проследете пет рани знаци дека можеби боледувате од канцер. Според резултатите од најновото истражување голем број млади луѓе не ги забележуваат знаците на ракот.
Според Тинејџ кансер траст, околу 29 отсто од тинејџерите, родителите и докторите не реагираат на знаците се додека не стан предоцна. Околу 32 отсто од нив биле на лекар три месеци пред да им биде дијагностицирана болеста, а околу 24 отсто од нив биле на контрола, но направиле дополнителни анализи дури откако симптомите се влошиле, пишува британски „Сан“.
Скоја година на околу 2.500 лица на возраст од 13 до 24 им е дијагностициран рак и тоа е главната причина за смртност помеѓу младите луѓе.
Со оглед на тоа што оваа болест е невообичаена за младите луѓе, голем број од симптомите не ги забележуваме. Според експертите на овие знаци треба да се внимава, затоа што тие може да ви го спасат животот.
-
Екстремен замор
Ако се чувствувате премногу уморни па не можете да останете будни или ако се чувствувате истоштено и немате енергија, тоа може да биде еден од знаците дека сте заболени од рак и најдобро е веднаш да одите на лекар.
-
Силна болка
Било каква болка која не поминува со аналгетици или која доаѓа и си заминува во период подолг од четири недели би требало да ве загрижи и да ве натера да посетите лекар.
-
Израстоци на телото
Ако забележите било какви израстоци на телото, на вратот, рацете, стомакот, препоните, градите, дојките или тестисите треба веднаш да одите на лекар на проверка.
-
Промени на младежите
Младежите се нормални но задолжително треба редовно да ги проверувате дали има некаква промена во нивниот изглед. Ако има промени во бојата, изгледот или формата најдобро е веднаш да одите на лекар.
-
Сте загубиле премногу килограми
Малите промени во тежината се нормални, но ако загубите повеќе десетици килограми тоа може да биде знак на канцер.