Пет ремија во саботата во Бундеслигата, Баер испушти плус два

Сите пет натпревари во саботната програма од 21-то голо на германската фудбалска Биндес лига завршија со поделба на бодовите.

Борусија Дортмунд на домашен терен одигра 2:2 со Хофенхајм, спасувајќи бод во завршницата.

Борусија поведе во 24 минута со погодокот на Џејдон Санчо, но гостите кои беа поопасни во продолжението направија пресврт со погодоците во 31 минута на Мунас Дабур и во 51 минтуа на Ихлас Бебу. Сепак еден бод остана во Дортмунд со голот на Ерлинг Халанд во 81 минута.

Дортмундска Борусија моментално е шеста со 33 бодови, бод повеќе од истоимениот клуб од Менхенгладбах. Хофенхајм е 12-ти со 23 бодови.

 

Баер Леверкузен, пак, во самиот финиш пропушти сигурно водство од 2:0 против претпоследниот Мајнц. Домашните поведоа во 14 минтуа со голот на Лукас Аларио а кога во 84 минута водството го удвои Патрик Шик се чинеше дека „Аптекарите“ ќе го продолжат успешниот од. Но веќе во 89 минута Мајнц намали со голот на Роберт Глатцел а во втората минута од судиското продолжување израмни Кевин Штегер.

Баер Леверкузен моментално е четврти на табелата со 36 бодови, последното место кое води во Лигата на шампионите, колку што има и Ајнтрахт Франкфурт кој е петти со 36 бодови. Мајнц е претпоследен 17-ти со 14 водови, четири помалку од зоната на опстанок.

 

Ремизираа и Штутгарт и берлинска Херта со 1:1. Домашните поведоа во последните моменти од првиот дел со голот на Саша Калајџиќ а гостите израмнија со голот на Лука Нец во 82 минута. Штутгарт е 10-ти на табелата со 26 бодови, а Херта е 15-та со 18 бодови, само бод од местото од кое се игра меч за опстанок.

 

Без голови завршија натпреварите Вердер – Фрајбург и Унион Берлин – Шалке. Фрајбург е 8-ми со 31 бод, Унион Берлин е 9-ти со 30 бодови, Вердер е 11-ти со 23 а Шалке и натаму е последен 18-ти со само 9 бодови.