Советите на искусните секс терапевти честопати се поинакви од „проверените“ рецепти за страст што имаме можност да ги проследиме од сите страни.
-
Добриот секс се планира
Спонтаноста е една од поважните работи во животот. Постојано ни говорат за важноста на спонтаниот миг, па и кога се работи за толку важно прашање како што е сексот веројатно сме склони да си помислиме дека е најдобро до него да дојде без никакво планирање.
Но, во ставрноста, нештата не стојат токму така. Знаењето дека ќе имате секс претставува возбудување само по себе.
Дури и секојдневните нешта на коишто вообичаено не обрнуваме внимание, како нанесување шминка, или чешлање стануваат мали еротички ритуали. За облекувањето секси долна облека воопшто не треба ниту да се говори. Кога знаеме дека ќе имаме секс, предиграта почнува, а со самото тоа се зголемува и возбудата, пред или за време на самиот однос.
-
Добриот секс е сексот што го имаме често
Добро знаеме дека она што го имаме во големи количества не ни значи толку многу колку она по што копнееме. Од друга страна, ако нешто имаме во изобилство, па дури тоа да е и најдоброто нешто, ја губиме идејата за ексклузивност. Кога тука се впуштаме, порано или подоцна ќе западнеме во рутина, па помалку се чувствуваме како кога повлекуваме картичка на работното место… Размислете уште еднаш, затоа што сексот е исклучок – зачестениот секс може да ја зголеми желбата.
Честиот секс не охрабрува да експериментираме, да трагаме по сопствениот сексуален идентитет, по промена, по дин амиката под која што се мисли на нешто сосема поинакво од менувањето пози. Иако различните пози притоа се добредојдени.
-
Добриот секс вклучува (интер)акција
Често со завист ги слушаме пријателките додека ни поднесуваат извештај за нивните сексуални искуства во текот на минатата недела. Но, колку ним навистина им е добро? Или, ако им е добро, дали тоа тоа е така, само затоа што не знаат за подобро? Сексуалните терапевти велат дека говорењето е секси.
Тоа не значи дека ќе говорите за тоа како сте си поминале на педикир, ниту за правилата на цитирање на научната литература во вашата дипломска работа. Во принцип, не се препорачува ниту да го споменувате поранешното момче… Но, добро е да говорите за самиот однос… И, ако ви се вика – викајте!
-
Добриот секс е опуштен
Убаво е кога сексот не го ограничувате само на креветот, а голем дел од нас несигурноста настојуваат да ја надокнадат со нивните акробаткси вештини. Сметаат дека за време на еден секс треба да ја „обележат“ масата во кујната, машината за перење, итн…
Во сексот е важно –да не брзате. Таму каде што ви е добро останете, дајте му прилика и на местото, не само на партнерот и себе си. Сеуште има доволно простор за експерименти со длабочина, брзина, време… Колку можете да издржите?
-
Добриот секс е (ваша) приватна работа
Некои сметаат дека оргазамот се брои само ако го доживеат во ист момент со партнерот. Или дека притоа мора задолжително да се гледате во очи. Замислете само како изгледа кога таквите очекувања посакувате да ги споите, например со „кучешката“ поза.
Без да ги обесхрабриме оние што сакаат ваков секс, но вашиот оргазам, а и се останато што чувствувате за време на сексуалниот однос е ваша работа.
Ако сакате да ги затворите очите и со цела сила да ја загризете перницата, затоа што на тој начин најинтензивно ќе го доживеете врвот, тоа е вашиот рецепт.
Не е убаво да се биде себичен во сексот, но некои нешта едноставно не се за делење.