Пет совети за витка линија

Последните истражувања покажуваат дека лицата кои рано стануваат, се повитки, здрави и среќни од оние кои сакаат да поспијат подолго.

Кетлин Алум, нутриционистка и авторка на книгата „Што ве јаде“ издвои пет едноставни работи кои треба да ги направите секое утро пред девет часот, ако сакате витка линија.

1.Посветете се на физичките вежби, бидејќи наутро имате најмногу време за тоа.

  1. Не го прескокнувајте појадокот. Истражувањето покажало дека лицата кои појадуваат подобро го контролираат холестеролот, имаат подобра меморија и не претеруваат со храната во текот на денот.
  2. Наутро секогаш длабоко дишете и опуштете се. Две минути длабоко дишење и медитација секое утро може да има позитивни ефекти на вашето тело, и физички и ментално. Го намалува крвниот притисок, ја успорува работата на срцето и го редуцира стресот.
  3. Обидете се да се будите секое утро во исто време бидејќи тоа го стабилизира вашиот биолошки часовник. На тој начин се стабилизраат хормоните кои влијаат на апетитот и на нивото на шеќерот.
  4. Секое утро пијте вода, но не многу брзо и не многу топла вода. Тоа ќе има позитивни ефекти на вашето здравје, но и на вашата кожа.