Пет судии кандидати за членови на Судски совет од Врховен и од Апелационо подрачје Битола

Судскиот совет денеска ги утврди кандидатските листи за членови на судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола, на двете листи има вкупно пет судии.

Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани.

На кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола беа утврдени кандидатите Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска.

Советот на денешната седница расправаше за уставноста за утврдувањето и потенцијалниот избор на кандидатот Лимани. Според дел од членовите, постои уставна пречка тој да биде член на Советот бидејќи ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет.

Според оние кои гласаа за, националната припадност не е пречка за кандидатите да се кандидираат на огласот и со одбивање на истите се дава пример за поделби и директна дискриминација.