Пет воза со мигранти испратени од Гевгелија кон Табановце

migranti makedonija grcija srbija ungarija

Вкупно пет воза со мигранти се упатиле денес од железничката станица во Гевгелија кон Табановце. Денес биле испратени три редовни  и два вонредни воза со мигранти, кои, како што истакнуваат вработените во Железничката станица имаат капацитет за превезување од 100 до 700 лица.

Како што пренесува МИА, во моментов на станицата во Гевгелија има од 100 до 200 мигранти. Некои од нив вадат билети, а останатите го чекаат утринскиот воз кој поаѓа во 5 часот и 15 минути.

Полицијата и војската ја држат ситуацијата под контрола
Полицијата и војската ја држат ситуацијата под контрола

Очевидци велат дека денеска полицијата, контролирано, во неколку наврати пуштала по 200-300 мигранти кои од дивиот премин на македонско-грчката граница се упатувале кон железничката станица во Гевгелија, а оттаму патот го продолжуваат кон граничкиот премин Табановце и македонско-српската граница.

Полицијата и војската ја држат ситуацијата под контрола

Пет воза со мигранти денес беа испратени од Гевгелија кон Табановце. Инаку, припадниците на АРМ вечерва поставуваа дополнителна заштитна ограда. Мигрантите  неколкупати се обиделе да ја преминат граничната линија, но биле спречени од полицискиот безбедносен кордон.

Ситуацијата со неколкуте илјади мигранти кои се обидуваат да влезат на македонска територија, по вчерашното прогласување кризна состојба, од денес, ја контролираат полицијата и војската распоредени долж границата со Грција.

МИА пишува дека состојбата повремено е напната поради обидите на некои од мигрантите да го пробијат безбедносниот кордон на граничната линија на која е поставена жичана ограда, а екипи на УНХЦР со помош на преведувачи на арапски јазик се обидуваат да ја смират масата.

Со помош на претставниците на УНХЦР и преведувачите на арапски јазик на мигрантите им било посочено дека вечерва треба да преспијат таму каде што се, и оти утре изутрина ќе бидат пропуштени, пренесува МИА.

Полицијата и војската ја држат ситуацијата под контрола
Полицијата и војската ја држат ситуацијата под контрола

Засега не се пропуштаат мигранти со исклучок на оние кои се повредени или на кои им е потребна медицинска помош. Тие веднаш добиваат медицинска нега од екипите на Црвениот крст и од амбулантните возила и во придружба се упатуваат кон Гевгелија. Хуманитарна помош во вода и ќебиња им делат полициските службеници и покрај тоа што мигрантите се од другата страна на границата.

Моментално на терен имаме еден доктор, три парамедици и еден преведувач на арапски јазик. Тука сме за да помогнеме во санирање на медицински повреди, да поделиме вода, пакети со храна, бебешки пакети, хигиенски пакети за мажи и жени, комплети за прва помош, ќебиња, изјави Александар Јонузовски од Црвениот крст на Република Македонија.

Тој посочи дека денеска нивните екипи укажале помош на сите повредени мигранти.

 

Премиерот Груевски изјави дека кризната состојба се воведува за да се регулира неконтролираниот влез на мигранти. Повеќе за ова на следниот линк.