Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот ги избра Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија во 15-члениот Совет за безбедност на Обединетите нации со двегодишен мандат, почнувајќи од 1 јануари 2025 година.
Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Швајцарија и Мозамбик.
Советот за безбедност е единственото тело на светската организација кое може да носи правно обврзувачки одлуки како што се наметнување санкции и одобрување употреба на сила.
Има пет постојани членки со право на вето: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД со право на вето. Се избираат преостанатите дест непостојани членови. Секоја година се избираат пет нови членови.