Пет земји побараа истрага за воени злосторства на палестинските територии

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) во Хаг примил во петокот заедничко барање на пет земји да ја истражи ситуацијата на палестинските територии, а истиот ден ги примил и семејствата на израелските жртви кои такво барање поднеле пред пет седмици.

Барањето го поднеле Јужноафриканската Република, Бангладеш, Боливија, Комори и Џибути, изјавил обвинителот Карим Кан, се наведува во соопштението. Јужноафриканската Република соопшти дека барањето е поднесено „за да се осигури дека МКС итно ќе обрати внимание на тешката ситуација во Палестина“, пренесува агенцијата Reuters.

Бидејќи истрагата е веќе во тек, заедничкото барање ќе има ограничен ефект во практиката.

Меѓународниот кривичен суд веќе спроведува истрага за „ситуацијата во државата Палестина“ за наводни воени злосторства сторени од 13-ти јуни 2014 година.

Обвинителот Кан во октомври годинава изјави дека неговиот кабинет има јурисдикција и над нападот на Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври и сите злосторства сторени во израелскиот одговор, што ги вклучува и воздушните и артилериски бомбардирања на Појасот Газа.

Главниот обвинител на МКС ги примил во петокот семејствата на израелските жртви кои бараат судско гонење на Хамас за овени злосторства и геноцид, како и Трибуналот да издаде меѓународни потерници за лидерите на споменатото исламистичко сунитско движење, пренсува агенцијата AFP.

Во јужен Израел на 7-ми октомври се убиени 1.200 луѓе, од кои најмалку 900 се цивили во нападот на Хамас, а повеќе од 240 лица се земени како заложници. Во одмаздата на Израел истиот ден досега во Појасот Газа се убиени повеќе од 12.000 луѓе, главно цивили од кои повеќе од 5.000 се деца и неколку илајди жени. Истовремено, во другата палестинска енклава Западниот брег во судирите со израелската војска и палестинските демонстранти и милинтати во истиот период убиени се најмалку 300 лица.

Во преговорите за ослободување на заложниците кои се водат со посредство на Катар, се споменуваше и ослободување на палестински деца и жени од израелските затвори, но нивниот број не е познат.

Кабинетот на главниот обвинител на Хашкиот трибунал соопшти дека е „собрано значително количество информации и докази“ за злосторства на палестинските територии, како и за оние кои ги извршиле Палестинци.

Секој може да поднесе тужба пред МКС и да побара истрага, но судот чиешто седиште е во Хаг не е обврзан да ја прифати. Меѓународниот кривичен суд може да истражува државјани на земји кои не се негови членки во одредени околности, на пример кога постои сомневања деа злосторствата се сторени на териториите на државите членки. Палестинските територии се потписници на повелбата на МКС од 2015 година.

Правни стручњаци изјавиле за агенцијата AFP дека и двете страни во израелско-палестинскиот конфликт би можеле да бидат обвинети за воени злосторства.

Основан во 2002 година за процесуирање на најтешките злосторства во светот. МКС во 2021 година отвори истрага за сомневање за воени злосторства на палестинските области кои ги извршиле изрелските сили, Хамас и други палестински вооружени групи.

Кан изјави дека неговиот мандат се применува и на злосторстата сторени во текот на сегашната војна, но дека неговиот персонал нема сега пристап ниту во Појасот Газа, ниту во Израел. Државата Израел не е членка на Меѓународниот кривичен суд и не ја признава неговата јурисдикција.

„Имаме Изреалци коишто му веруваат на овој суд и на неговиот обвинител и во професионализмот на неговиот тим (…) Тоа ќе помогне да им се потврди дека судот е способен да донесе правда за злосторствата коишто ги претрпеле. Коишто ченовите на нивните семејства ги претпреле“, изјавил за AFP адвокатот Франсоа Зимереи, кој ги застапува израелските семејства.