Пет лица, меѓу кои и едно дете, загинале во саботата во пад на мал авион во југоисточниот францисуски регион Оверњ-Рона-Алпи.
Француската телевизија BFMTV го пренесува извештајот на локалната полиција во кој се наведува дека несреќата се случила на чистина во близина на градот Адрет во департманот Изер.
Малиот авион од типот „Jodel D140“ му припаѓал на локален аероклуб и бил на својот прв лет. Полетал од аеродромот Версуд во близна на Гренобл. Воздухопловните власти ги истражуваат причините за падот.
Според информацијата на телевизијата Fance 3, во несреќата загинале четири возрасни лица и едно дете, чиишто останки биле целосно јагленисани во пожарот кој избувнал по ударот во земјата.