Пет знаци дека му недостигаш

Без разлика на тоа дали сте во долга врска, кратка, дали сте оддалечени или сте во истиот град… Кога љубовта ќе тропне на врата, неминовно е да сакате да бидете со саканата личност. Кога пеперутките ќе проработат во стомакот, единствено што сакате е секој миг да бидете со саканата личност. Истото се сlучува и со мажите, иако можеби тие малку потешко признаваат.

Во продолжение следат пет сигурни знаци кои откриваат дека тој целосно „полудел“  по тебе и дека сака секој миг да ти го посвети.

Ти праќа неважни пораки за и понатаму да се допишувате

Тој заминал на неколку дена во друга држава, град… Но, тоа не го спречува и понатаму да се допишува со тебе? Се навикнал со тебе да разменува голем број пораки и не сака да се одрече од тоа уживање. Ти си му важна и сака да ти посвети внимание и во оние мигови кога не сте заедно.

Често имаш пропуштени повици од него

Освен допишувањето, тој сака да ти го слушне гласот и во оние мигови кога не сте заедно да ти го посвети своето време. Секако, овде не мислиме на вознемирување и гушење, туку на еден суптилен знак дека на твојот партнер навистина му дошло до тебе и дека е „вљубен до уши“. Ненадејниот повик со порака: „Само сакав да те слушнам“ сигурно ќе ти го разубави денот.

Не мора долго да чекаш на неговиот одговор

Ти си на врвот на негтовата листа на приоритети и нема да дозволиш да чекаш на одговор. Во миговите кога е во голема гужва, ќе ти објасни дека во тој момент не е во можност да разговара.

Бара твои фотографии

Многу често додека разговарате го слушаш прашањето: „Сакаш да ми испратиш слика?“. Не затоа што е манијак, туку затоа што сака да ја добие твојата најубава и најобична фотографија. Едноставно речено: Тој е вљубен и му недостигаш.

Прави луди планови за вашата следна средба

Секогаш има план како да поминете совршен викенд или за излегување. Ти си речиси во секој негов план, а тој сака секој план да го направи совршен.