Физичката привлечност е исклучително важна, без разлика на тоа што се говори дека другите нешта се многу поважни.
Важно е да се привлекувате и на интелектуално и на емотивно ниво, но без хемијата (и физиката) нема далеку да дотуркате. Недостатокот на физичката привлечност може да им се случи и на најдобрите двојки, а ова се знаците дека токму тоа ви се случува:
Нема ерекција
Му се случува секому (понекогаш), но ако на вашето дете му се случува постојано дефинитивно имате голем проблем;
Одбива секс
Како алтернатива секогаш бира мастурбација. На сите може да им се случи да имаат лош ден кога едноставно не сакаат секс, но ако тој ги зема работите во свои раце, а до него има жена подготвена за секс, стан ува јасно дека тој повеќе не е заинтересиран.
Не сака да се бакнува
Кај сите двојки со текот на времето се намалува количеството бакнежи, што е сосема нормално, но ако вашето момче нема потреба за бакнежи или допири, веројатно повеќе не ја чувствува хемијата меѓу вас.
Измислува причини зошто неможе да се видите
Се гледате се поретко, а кога ќе се видите, чувствуваш дека е студен и незаинтересиран. Мажите незнаат да се постават во вакви ситуации затоа што знаат дека ќе ја повредат жената па затоа се дистанцираат и чекаат да се случи она што е неизбежно.