Пет знаци дека телефонот ви е заразен со вирус

Оперативниот систем Андроид е многу подложен на вируси. Проблемот е што многу корисници не се свесни дека нивниот телефон е заразен се додека не е предоцна.

Ова се пет знаци кои  откриваат дека телефонот е заразен со некој вирус:

1. Краток животен век на батеријата. Ако вашиот уред е заразен со вирус, векот на траење на батеријата драстично ќе се намали, особено ако сте собрале „adware“ која протв ваша волја повлекува реклами од интернет што многу ја троши батеријата.

2. Пропуштени повици: Мобилните вируси може да влијаат на појдовните и на дојдовните повици. Голем број пропуштени повици, или пречки при повиците може да укажат на тоа дека телефонот е заразен.

3. Големи сметки. Вирусите често без контрола праќаат СМС пораки од вашиот телефон и тоа на посебни телефонски броеви кои дополнително се наплаќаат.

4. Зголемување на прометот на податоци. Слично како и со телефонските сметки. Постојат вируси кои трајно ќе го консумираат прометот на податоци, а тоа е сигрен знак дека некој има контрола над вашиот уред.

5. Успорена работа на уредот. Во зависност од хардверские спецификации на уредот, вирусите можат да предизвикаат големи проблеми со перформансите. Вирусите можат да користат толку сила од процесорот што нема да ви преостане ништо друго освен неколку пати во денот да го ресетирате уредот.