Петар Аневски поднесе оставка од претседател на Совет на обвинители

Пред седницата во вторникот за избор на вд Републички обвинител, претседтелот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски си поднесе оставка од функцијата.

Во изјава за новинарите, Аневски рече дека од оваа функција се повлекува поради лични и семејни причини. Тој повеќе нема да биде претседател на Советот, но во него ќе остане како член.

Советот на јавни обвинители денеска одржа седница на која беше донесена одлука, обвинителката Лилјана Спасоска да биде в.д. републички обвинител додека не заврши огласот и да се избере нов.

Аневски имаше уште една година мандат за оваа функција. Неговата оставка ќе се разгледува во четврток на седница на Советот.

Советот, формално има заменик, член од редот на Албанците кој може да ги води седниците до избор на нов претседател. Членовите, со мнозинство гласови избираат претседател од своите редови.

Засега, како најсериозен кандидат за нов претседател се подготвувал Коле Штерјов, виш обвинител, член на Советот, за кој се шпекулира дека е близок пна ткн „влашкото лоби“ со СДСМ.