Петар Грашо во Скопје откри дека го чека второто дете со 14 години помладата Хана!

Откако пред година и девет месеци станаа родители на девојче, Хана Хуљиќ Грашо (33) и поп-ѕвездата Петар Грашо (48) го очекуваат своето второ дете.

Гордиот татко ја потврди среќната вест од Скопје за хрватскиот „ИН магазин“. Тој вечерва ќе го одржи неговиот трет концерт во Филхармонија.

Детали за бременоста на 14 години помладата Хана не сподели, па засега не се знае кој месец е, но и дали веќе го знаат полот на бебето.

Хана последен пат се појави во јавноста пред десетина дена во Сплит на изложба и раскажа колку радост им донела ќерката Алба која во јули ќе наполни две години.