Петар Маниќ, ѕвездата на „Стела“ доби награда за најдобар млад актер на фестивал во Севиља

Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмскиот фестивал Севиља инди филм фестивал (SEVIFF • Sevilla Indie Film Festival), во Шпанија. Наградата ја доби за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот Македонски филм за деца “Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од Дрим Фактори, соопшти продукцијата.

Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, за прв пат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ.

Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца е вклучена меѓународна екипа која брои голем број на автори и филмски професионалци.

Талентот на младиот Петар многупати беше фален од големи актерски имиња, а сега доби и признание за тоа.