Објавени добитниците на наградите „11 Октомври“. Петар Мирчевски, актерот од Битолскиот театар, академик Љупчо Коцарев и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес, објави Министерството за култура.
Мирчевски, еден од доајените на Битолскиот театар и најангажиран актер во македонските филмови, како и Дурацоски ја добија наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, а Коцарев за животно дело во областа на науката.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во Собранието.