Сосема очекувано, нови три бода на своето конто запишаа фудбалерите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), а тие на Ајнтрахт од Франкфурт, последното гостување на “Алианс Арена” ќе го паметат по катастрофалниот пораз од 5:0.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на крилниот напаѓач Марио Геце, а во листата на стрелци се запишаа уште Франк Рибери, Ариен Робен, Данте и Марио Манџукиќ.
Последниот првенствен натпревар од 19. коло во германската Бундес лига, дуелот во Берлин помеѓу екипите на Херта и Нирнберг заврши со сигурен триумф на гостинот од 3:1.