![soobrakajka_Dracevo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/soobrakajka_Dracevo.jpg?resize=640%2C379&ssl=1)
Цело семејство настрадало во тешката сообраќајна несреќа која во доцните часови се случи кај бензиската пумпа „Лукоил“ на влезот во Драчево, објавува „Магазин“.
Според неофицијалните информации на порталот, во сообраќајката настрадал поранешен полицаец од ПС Драчево.
До несреќата дошло кога автомобил „рено 5 кампус“ се судрил со камион за собирање на ѓубре. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники.
Неофицијално меѓу загинатите има и деца.