Фејсбук групата Аеродром во моето срце објави петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во општина Аеродром. Петицијата е против укинувањето на училишните униформи, предизвикана од гласините дека СДС и Златко Марин, планираат укинување на мерката бесплатни училишни униформи.
Ставете лајк на овој статус, за поддршка за продолжување на проектот бесплатна училишна облека за сите дечиња во основните училишта на територија на општина Аеродром.
Мерката бесплатни училишни униформи е воведена од претходната власт во општина Аеродром и истата ги отстранува класните разлики помеѓу дечињата и овозможува истите да не се чувствуваат различни по социјален статус, туку да можат да се посветат на учењето.
Кликнете лајк и дајте поддршка за опстојување на мерката бесплатни училишни униформи за основците во општина Аеродром, се вели во ФБ статусот за петицијата.