Петир за разговорите со Мицкоски

Во рамките на својата дипломатска активност претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Загреб остварија средба со пратеничката во хрватскиот парламент Маријана Петир, поранешна пратеничка во ЕП, основач на групата Пријатели на Македонија во Европскиот парламент.

-Денес во хрватскиот парламент разговарав со Христијан Мицкоски и Александар Николоски за односите и соработката на Хрватска и Македонија, европскиот пат на Македонија и поддршката од Хрватска на тој пат, како и мерките преземени во врска со пандемијата на коронавирус за заштита на населението и помагање на бизнисот, истакна таа.