Петкатница се урна врз автобус во Јужна Кореја

Најмалку 9 лица загинале, а 8 се повредени кога денес во Јужна Кореја се урнала петкатница , на чие уривање се работело.

Делови од бетонската зграда во јужниот град Гвангџу паднале на автобус и две патнички возила, пренесуваат странски агенции.

Националната противпожарна агенција соопштила дека спасувачките екипи спасиле 8 лица, кои се тешко повредени.

Спасувачите сѐ уште трагаат по луѓе кои евентуално се наоѓаат под урнатините на зградата.