![besplaten-vlez-i-avtobus-od-gradot-za-posetitelite-na-makedonsko-selo-251534](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/besplaten-vlez-i-avtobus-od-gradot-za-posetitelite-na-makedonsko-selo-251534.jpg?resize=660%2C383&ssl=1)
Денеска после цели три години од изјавата за вашите приоритети не само што !„Македонско село“ не стана стартап село туку веќе не е ни туристичка атракција бидејќи зјае празно и е забрането за посетители. Идентично како се што е на најава и очекување, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.
Таа првото нејзино прашање го упати до Крешник Бектеши и го запраша кога конечно да ги очекуваме измените и дополнувањата на законот за угостителска дејност?
Таа додаде и запраша за тоа кои се плановите за комплексот Македонско село и дали се планира воопшто да заживее?
Нејзиното последно прашање се однесува на тоа што се ветуваше во текот на изборите за професионални државни институции и департизиран државен апарат. Таа запраша за тоа кој е и точната бројка на директори и ВД директори во 30-те центри за социјална работа низ Македонија?
„Четири години потоа имаме институции преполнети со партиски кадри и партиска држава со привилегии за членовите на СДС и ДУИ. Наместо ветената професионализација на институциите донесовте брутална партизација на општеството. Сведоци сме дека голем број на институции наместо со директори функционираат со вршители на должност односно ВД директори“, кажа Петкоска