Петкоска: До кога СДСМ и Георгиески ќе си поигруваат со интелигенцијата на oхриѓани и до кога ќе сметаат дека народот има помнење на златна рипка?

До кога СДСМ и Георгиески ќе си поигруваат со интелигенцијата на граѓаните и до кога ќе сметаат дека народот има помнење на златна рипка?

Ако нивниот лидер Зоран Заев се раководи од неговото основно начело ветувам-негирам-заборавам, а Георгиески го следи истотот начело, тогаш ние сме тука за да ги потсетиме на нивната крајна безидејнот, со која не само што не одиме напред, туку и назадуваме со брзина на познатиот – квантен скок!, ова денека на прес-конференција го истакна Лидија Петкоска, советничка во Советот на општина Охрид и претседателка на УЖ Охрид.

Зошто пред граѓаните и хотелиерите гордо се фалат со мерките и идеите препишани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ?

Заев уверен изјави, цитирам: „Бројките се добри, минатата година надминавме 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања“.

Со која мерка дојдовте до оваа бројка на туристи господине премиере?  Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет?  Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија на меѓународните саеми и кој е заслужен за постигнатата бројка на странски туристи со која денес се фалат? Навистина…не славевме со чочеци, затоа што она што е најважно за ВМРО-ДПМНЕ е задоволството кое ќе го почувствува граѓанинот.

Како министерот Бектеши се дрзнува да ги нарече новитети, мерките кои беа предвидени со програмата на ВМРО-ДПМНЕ? Како што Георгиески безидејно ги препишува мерките и проектите предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво така без ниту една додавка си го пресликавте истото и на централно ниво, потенцира Петкоска.

Таа додава дека туристичката инспкција беше предвидена и изгласана уште на 76-тата седница на Владата, на 26 мај 2015 година.

Што се случи со планот за живот за 2018 година кога ветувавте модерен туризам, здравствен, спортски и каков уште не, со кои ќе се позициониравме како посакувана дестинација на туристичкиот пазар?

Ќе го проширевте целниот пазар, здравствениот туризам ќе донесеше работни места за доктори, физиотерапевти, па нели ќе немаше потреба да бараме доктори од странство?

Ќе инвестиравте во нови хотелски капацитети и Охрид во 2018 година ќе станеше конгресна дестинација. Од сето тоа граѓаните ништо не видоа и заслужено добивте една голема нула од нив. Почитувани господа од СДСМ,  Единствена уникатна идеја која на никој, само Вас, не може да му падне напамет е легализацијата на марихуаната со која ќе привлекувате туристи – секако, ако народот Ви го дозволи тоа! Здружението на хотелиери веќе донесе заклучок дека се против легализација на марихуаната за рекреативни цели во охридско-струшкиот регион. Токму затоа, на 21 април од народот ќе ја добиете и втората заслужена нула за вашата безидејност!, додава Петкоска.